Top Sport

Адријан Њуи: Новите правила за 2019 не сменија ништо

И покрај промените на правилата во Формула 1 оваа сезона, како пошироките предни крила, кои треба да донесат полесно претекнување, главниот дизајнер на Ред бул, легендарниот Адријан Њуи вели дека нема да има никаква значителна промена.

Промената на аеродинамичките правила беше направена откако уште на првата трка во 2018 година во Мелбурн, Австралија немаше ниту едно претекнување. Реакцијата беше остра, посебно од тимот на Ред бул, кој вели дека промените ги чинеле 15 милиони евра без да има значителна промена. Дури и Себатијан Фетел, возачот на Ферари, најбрзиот болид на тестирањето во Барселона, вели дека бил „заглавен“ зад Карлос Саинс Јуниор во Мекларен на патеката во Барселона.

„Болидот кој го брка тој пред себе повторно губи идентична надолна сила како и претходно. Никој не гради болид со кој ќе биде полесно да биде претекнат, туку сака болид кој е најбрз. За да биде така, воздухот мора да оди надвор од тркалата и додека има шанса сите ќе го прават тоа. Затоа промената нема да биде забележана“, вели Њуи.

Scroll to Top