Top Sport

Марота: На Интер му е направена „непроценлива“ штета со ВАР-грешката

Новиот спортски директор на Интер, Бепе Марота вели дека неговиот клуб е „непроценливо“ оштетен по контроверзниот финиш на 3:3 ремито со Фиорентина.

Судијата предизвика бура на реакција во финишот на мечот, кога досуди пенал за Фиорентина и покрај тоа што топката не го удри Данило Д’Амброзио во раката, туку во рамото, со што клубот од Фиренца доби подарок.

„Не оштетија многу. Се надевам дека ќе може да се поправи во однос на нашата сезона, бидејќи во спротивно ќе биде ужасно. Ние инвестиравме толку многу во ВАР да се намалат грешките и затоа користењето мора да биде рационално. Ако се помеша субјективноста и објективноста, тогаш тоа е разочарувачки за сите нас. Не сакам да го критикувам судијата Абисо, но нешто не функционираше. Можеби системот мора да работи подобро. Неверојатно. Ова е најголемата грешка што ја направи ВАР, но не верувам дека е намерна грешка“, вели Марота.

Фото: ЕПА

Интер прими гол во 16. секунда и во 101. минута за контроверзно реми во Фиренца (видео)

Scroll to Top