Top Sport

Адријан Њуи се чувствува виновен за смртта на Сена

Адријан Њуи, најуспешниот дизајнер во историјата на Формула 1, кој во моментов е технички директор на Ред бул рејсинг, откри детали за модификациите кои ги направил на Вилијамс ФВ16 болидот на Аиртон Сена пред фаталниот судир на Имола за време на Сан Марино ГП во 1994, додавајќи дека уште се чувствува „виновен“ за неговата смрт.

Њуи беше главен дизајнер во Вилијамс кога трикратниот светски шампион и еден од најомилените Ф1 возачи во историјата загина во Имола, и сега открива детали за тој мај во автобиографијата „Како да изградите болид“, објавена оваа недела од „Харпер Колинс“.

Њуи и Патрик Хед, техничкиот директор и ко-основач на Вилијамс, беа на судење во Италија за убиство од небрежност, откако обвинителството тврдеше дека слабо изградени модификации на управувачкиот систем откажале во клучниот момент. Вилијамс тврдеа дека се работи за возачка грешка откако Сена „туркал“ премногу на лошиот дел од патеката.

По 13 години судење, Врховниот суд на Италија објави дека несреќата е предизвикана од откажување на управувачкиот систем, за што бил одговорен Хед. Тој не беше уапсен, бидејќи случајот застарил.

Системот за менување бил заменет по барање на Сена, а Њуи сега вели дека тоа биле „две многу лоши парчиња инженеринг“ за кој се одговорни тој и Хед.

„Јас бев еден од главните луѓе во тимот кој го дизајнираше болидот со кој загина голем човек. Без разлика дали системот за управување го предизвика инцидентот или не, нема бегање од фактот дека се работи за лошо парче инженеринг кое не смееше да добие место во болидот. Најмногу се чувствувам вниновен за можноста системот за управување да не е виновен за инцидентот, туку да е менувањето на аеродинамиката на болидот, нешто што јас го направив. Аиртон сакаше да прави работи со болидот кои беа невозможни“, објаснува Њуи.

Scroll to Top