Top Sport

Реј ги сруши сите рекорди во Супербајк шампионатот

Светскиот шампион во Супербајк, Џонатан Реј оствари двојна победа во последната рунда од шампионатот во Катар за во исто време да го сруши рекордот по бројот на освоени поени во годината во која имаше неверојатни 16 победи.

Возачот од Северна Ирска, кој ја запечати својата трета едноподруго титула во Мањи-Кур, Франција во септември, доминираше од стартот до финишот во петочната прва трка, пред со своето Кавасаки да стигне до победа од третиот ред во саботната „обратна“ трка.

Реј ги победи Чез Дејвис (Дукати) и Алекс Лоувс (Јамаха) за британски подиум на патеката „Лосаил“. Со победата, 30-годишниот Реј ја завршува сезоната со 16 победи, 24 подиуми и вкупно 556 поени, поминувајќи го рекордот на Колин Едвардс од 2002 од 552 поени.

Scroll to Top