Top Sport

Акциите на Лауда во Мерцедес вратени назад во Штутгарт по неговата смрт

Акциите кои Ники Лауда ги имаше во формула 1 тимот на Мерцедес се вратени во компанијата од Штутгарт поради желбите на трикратниот светски шампион пред неговата смрт во мај 2019 година, открива неговиот син Матијас.

Лауда стана клучен член на тимот на Мерцедес со својата улога на не-извршен директор и консултант, убедувајќи го Луис Хамилтон да дојде во германскиот тим, а имаше и 10 отсто од акциите во тимот, кои се вратени на компанијата по неговата смрт.

„Формула 1 беше животот на мојот татко и тој освои три титули без помош од неговото семејство. Тој беше успешен бизнисмен, но акциите во Мерцедес не останаа во семејството. Инвестицијата во Мерцедес се враќа во Штутгарт. Морав да станам позрел по неговата смрт, но тој ми неодстасува секој ден“, вели Матијас во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top