Top Sport

Гвардиола: Ќе бидам промашување ако не ја освојам ЛШ со Манчестер сити

Пеп Гвардиола вели дека ќе се чувствува како „промашување“ доколку не успее да стигне до титулата од Лигата на шампиони со Манчестер сити, иако последните две сезони освои пет од шесте англиски трофеи.

„Лани имавме одлична сезона за нас, но луѓето секако велат: ’Не ја освоивте Лигата на шампиони’. Затоа знам дека ќе бидам осудувам ако не ја освојам титулата од ЛШ, ќе бидам неуспех. Уживам во работата со моите играчи, кои победуваат на многу мечеви и покрај тоа“, вели Гвардиола.

Иако заостанува 22 поени зад Ливерпул во Премиер лигата, Манчестер сити уште е во игра за титулите од Лигата на шампионите, ФА купот и Карабао купот.

„Секако, совршена сезона е кога ќе ги освоиш сите трофеи. Горд сум на мојот тим, бидејќи го освоивме првиот трофеј со Комјунити шилд, а сега сме во финалето на Карабао купот против Астон вила. Титулата во Лигата е блиску за Ливерпул, но тие би биле шампиони и во Тимбукту, и во Австралија и било каде на друго место. Знам дека нема да бидеме оценувани според начинот на кој играме, туку според титулите кои ќе ги освоиме. Тоа е вистината“, објаснува Гвардиола.

Scroll to Top