Top Sport

Акоста од следната година ќе вози во „кралската класа“

Еден од најталентираните млади мотоциклисти во светот, Педро Акоста, следната сезона се сели во „кралската класа“ на Светскиот шампионат, откако потпиша договор со тимот на „Гасгас Тех3“.

Акоста во францускиот тим ќе му се приклучи на својот поранешен колега Аугусто Фернандез, кој доби нов договор. Тоа значи и дека од тимот ќе си замине Пол Еспаргаро Најавено е дека Пол Еспаргаро го чека важна улога во проектот дизајниран од KTM, чии партнер Тех 3 тимот.

Акоста, моментално трета сезона вози во Светскиот шампионат и е на добар пат да ја освои титулата во категоријата Мото2. Пред две години тој беше шампион во класата Мото3.

Во Мото2, на седум трки до крајот на сезоната, Акоста има 50 поени повеќе од најблискиот ривал Тони Арболино.

Од друга страна, Фернандеш е актуелен Мото2 шампион, а со своите возења од почетокот на оваа сезона, како единствен дебитант рака во најсилната класа, заслужи нов договор. Најдобриот резултат на момето од Мајорка годинава беше четвртото место на Големата награда на Франција, а во Топ 10 се најде уште три пати.

Овогодинешниот Мото ГП шампионат продолжува со Големата награда на Индонезија, закажана за периодот од 13 до 15 октомври.

Scroll to Top