Top Sport

Ал-Атијах има 38 минути предност, Дакар релито под посебно обезбедување!

Катарецот Насер Ал-Атијах победи на четвртата етапа на Дакар релито во средата за да направи неверојатна предност од 38 минути во генерален пласман на трката во Саудиска Арабија, која од денеска е под посебна заштита откако минатата недела едно француско возило за поддршка беше погодено со експлозивна направа.

Фабричкиот возач на Тојота беше втор на етапата од 465 километри од Ал-Каисума до престолнината Ријад, но го доби второто место откако Саудиецот Јазид Ал-Рахџи доби казна од две минути за пребрзо возење.

Ова беше 44. етапна победа за трикратниот шампион од Дакар и втора оваа година. Деветкратниот Рели ВРЦ шампион, Себастиен Леб, кој е најблизок ривал на Ал-Атијах, беше втор на најдолгата етапа на релит осо 25 секунди заостанување, пред Карлос Саинс во Ауди. Стефан Петерхансел, 14-кратниот шампион од Дакар загуби дополнително време со скршена суспензија.

Директорот на трката Давид Кастера потврди дека побарал дополнително обезбедување од саудиските власти по експлозијата пред стартот на трката во Џеда, во која беше повреден еден од совозачите.

Scroll to Top