Top Sport

Кобајаши незапирлив и во Бишофсхофен, на чекор од втор „гренд слем“!

Јапонецот Рјоју Кобајаши е блиску до повторен „гренд слем“ победи на Новогодишната турнеја „4 Скокалници“, победувајќи на одложеното трето натпреварување во Бишофсхофен со одличниот втор скок пред норвешкиот ривал, Маруис Линдвик.

Линдвик беше лидер по првата серија во Бишхофсхофен, со скок од 137.5 метри, но Јапонецот остана стабилен и стигна до победа со скокови од 137 и 137.5 метри за да собере вкупно 291.3 поени. Линдвик беше втор со 286.6 поени (137.5 и 135.5 метри), додека третото место го освои уште еден Норвежанец, Халвор Егнер Гранеруд со 282.4 поени (135.5 и 135.5 метри).

Во пласманот на Новогодишната турнеја, Кобајаши има 884.5 поени пред Линдвик со 866.6 и Гранеруд со 845.8 поени.

Кобајаши веќе беше шампион од „4 Скокалници“ во сезоната 2018/19, кога стана само третиот скокач во историјата кој успеал да победи на четирите скокалници по Германецот Свен Ханавалд и Полјакот Камил Штох.

Scroll to Top