Top Sport

Алан Прост го „сфаќа“ Хамилтон, но застана на страната на Ферстапен

Четирикратниот Ф1 шампион, легендарниот „Професор“ Алан Прост е на страната на Макс Ферстапен по контроверзниот финиш на сезоната 2021 во Ф1, и покрај тоа што ја сфаќа фрустрацијата на Луис Хамилтон по загубената титула во последната трка.

Хамилтон беше на чекор до својата осма титула во Абу Даби, кога зад безбедносно возило, ФИА одлучи да се тркаат во последниот круг, и Ферстапен со подобри гуми го претекна за титулата. Ова предизвика многу коментари за непочитување на правилата од страна на директорот на трки на ФИА, Мајкл Маси, но Прост вели дека Холанѓанецот е „достоен“ шампион.

„Можеби ракувањето со безбедносното возило не беше коректно. Тоа беше на граница, иако секогаш е тешко да даваш оценки како аутсајдер. Беше малку чудно, бидејќи обично ги чекаш тие кои заостануваат цел круг да го поминат безбедносното возило и така ќе завршеше трката. Ја сфаќам фрустрацијата на Хамилтон и на Мерцедес. Но, од друга страна, понекогаш ти е потребна добра среќа и морам да кажам дека до последната трка Макс немаше многу среќа во 2021. Како во вистинскиот живот – некогаш добиваш шанса која нема да се повтори во животот и мораш да ја грабнеш“, вели Прост.

Scroll to Top