Top Sport

Бердих: Младите научија да го победуваат Ѓоковиќ, ќе биде многу тешко во 2022

Поранешниот ривал на Новак Ѓоковиќ, Томаш Бердих смета дека на светскиот рекет број 1 ќе му биде многу тешко да ја заддржи доминацијата во светот на тенисот во 2022 година, во која Србинот може да постави нови рекорди.

Во 2021, Ѓоковиќ победи на три од четирите гренд слем турири, за да се израмни со Рафаел Надал и Роџер Федерер со 20 гренд слем титули, а победи и во својот роден Белград и на Мастерсот во Париз, за да заврши со 55-7 скор.

Сепа, 36-годишниот Чех смета дека 2022 може да биде година на пресврт, посебно откако Ѓоковиќ загуби од Данил Медведев.

„Следната година ќе му биде многу, многу потешко. Не велам дека нема да освои гренд слем, има големи шанси за тоа, но ако мечевите одат во пет сета, тогаш ситуацијата станува поинаква. Тој беше толку силен што ништо не можеше да го скрши и затоа доминираше. Но, мислам дека сега е поранлив. Ќе биде интересно во 2022“, вели Бердих за „Скај спортс“.

Бердих имаше 28 мечеви со Ѓоковиќ во текот на неговата кариера од 2008 до 2017 и победи само трипати. Во 2021 година повеќе тенисери го совладаа Ѓоковиќ: Ден Еванс, Аслан Карацев, Надал, Алекс Зверев, Пабло Карењо Буста и Медведев. Само Зверев оствари повеќе од една победа.

Scroll to Top