Top Sport

Алекс Маркез на пол-позицијата во Аргентина

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ќе стартува од пол-позицијата на ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.

Помладиот од браќата Маркез ја освои првата пол-позиција во кралската класа на патеката „Термас де Рио Ондо“, со време од 1:43.881 минути во круг, откако мораше да го мине првиот дел од квалификациите. Интересно е што на стартот од сезоната, минатата недела во Португалија, триумф во квалификациите оствари Марк Маркез, кој поради повреда на раката ја пропушта втората трка во сезоната.

Најблиску до Шпанецот беше Марко Бецеки од тимот Валентино Роси, ВР46, кој заостануваше 172 илјадитинки. Првиот ред на страртот го комплетираше бранителот на титулата Франческо Бањаја.

Франко Морбидели го предводи вториот ред на стартот. Во него се уште и возачот на Априлиј, Маверик Вињалес, и Жоан Зарко на Прамак Дукати.

Место меѓу најдобрите десет обезбедија Лука Марини од ВР46, Хорхе Мартин на вториот Прамак Дукати, минатогодишниот победник Алеиш Еспаргаро на Априлија и Фабио Квартаро на Јамаха.

Вечерва во Аргентина ќе се вози спринт траката од 20 часот, а утре од 19 часот на програмата е трката за Големата награда на Аргентина.

Scroll to Top