Top Sport

Алекс падна, Марк најбрз во спринтот во Каталуња

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи во спринт трката како дел од Големата награда на Каталуња во шампионатот Мото ГП.

Марк Маркез ја однесе својата 14-та победа на 15-та спринт трка оваа сезона на патеката „Каталуња“, иако стартуваше од третото место.

Освојувачот на пол-позицијата, Алекс Маркез, падна од својот мотор четири круга пред крајот на трката, на тој начин му ја препушти лидерската позиција на својот постар брат.

Втор беше возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, а третото место го освои Фабио ди Џанантонио од ВР46.

Поени освоија и Педро Акоста, Енеа Бастијанини, Бред Биндер, Жоан Зарко, Лука Марини и Аи Огура.

Главната трка за Големата награда на Каталонија ќе се одржи утре во 14 часот.

Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 467 поени, Алекс Маркез е втор со 280, а Франческо Бањаја е трет со 228.

Foto/ EPA

Scroll to Top