Италијанскиот печат тврди дека Алфа Ромео ќе си замине од Заубер и од Формула 1 на крајот на минатата сезона.
Алфа Ромео стана главен спонзор на швајцарскиот тим Заубер во 2018, пред оваа сезона да ја зголемат техничката и комерцијалната соработка, а тимот беше преименуван во Алфа Ромео рејсинг.
Главната причина за ова се слабите резултати на Алфа на автомобилскиот пазар, а во исто време резултатите на тимот оваа сезона се разочарувачки. Од друга страна, луѓето во Заубер не се најсреќни што ги сметаат за „сателитски“ тим на Ферари и наводно веќе се преговара со Хонда, за користење на нивните мотори во иднината.
Ова може да значи јапонската компанија да влезе во слично партнерство какво што сега има Ферари и Заубер да стане де-факто фабрички тим на компанијата.