Top Sport

Алфа Ромео му организираше проштална забава на Кими Раиконен

Алфа Ромео организираше проштална забава за Кими Раиконен. 42-годишниот Финец, по завршувањето на сезоната, ќе стави крај на кариерата.

Раинонен е рекордер во Формула 1, во кариерата возел 347 трки, во 2007 година ја освои шампионската титула. Оваа титула е последна за Ферари во Формула 1. Во кариерата забележал 21 победа, 103 пати бил меѓу најдобрите тројца.

Кариерата ја започна во 2001 година, ќе ја заврши на трките во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Алфа Ромео, во базата, во Хинвил, организираше забава за Раинонен и неговото семејство.

Персоналот формираше почесна гарда додека Кими слегуваше од бината. Тие носеа посебно дизајнирани кошули во чест на Финецот.

„Ви благодарам, приредивте ноќ за паметење. Ви благодарам за годините што ги минавме заедно. Благодарам на трудот. Благодарам за спомените. Вие сте добри луѓе. Со почит, Кими“, напишал „Ледениот Финец“ на Инстаграм.

Scroll to Top