Поранешниот Формула 1 тим на Алфа Ромео официјално има ново име и лиценца до 2025 година. Од 1 јануари, Алфа Ромео е „Стејк Ф1 тим“.
Целосното име на тимот всушност е „Стејк Ф1 тим Кик Заубер“, но ќе се користи скратена верзија.
Тимот мораше да најде ново име за следните две години по истекот на договорот со Алфа Ромео, во очекување на целосното влегување на Аудиi во 2026 година.
Алфа Ромео-Ферариi заврши на деветтото место на Светскиот шампионат за конструктори минатата година.
Валтери Ботас заврши на 15-тото место во поредокот за возачи, додека Џоу Гуанју беше 18-ти. Најдобриот финиш на Ботас беше осми два пати, додека Џоу Гуању беше деветти три пати.
Стејк е компанија за „забава и животен стил“ од Австралија, а ко-основачот Едвард Крејвен во оваа прилика изјави:
„Инспирирани од длабоката страст за брзина, иновации и поместување на границите, сега сме идеално позиционирани да го водиме тимот до невидени височини од 2024 година и понатаму“.