Top Sport

Алфа Таури на иновативен начин го презентираше новиот болид

Скудерија Алфа Таури (поранешните Торо росо) го презентираше својот болид за 2022, АТ03 со своите возачи Пјер Гасли и Јуки Цунода во иновативна дигитална презентација со мешање на виртуелниот и вистинскиот тим.

Италијанскиот тим, во соработка со модниот бренд на Ред бул, „АлфаТаури“, креираше иновативно видео со комбинација на 3Д компјутерска графика на болидот и вистински снимки од модното шоу на Алфа Таури.

АТ03 болидот ќе биде покажан првпат следната недела на првиот тест од пред-сезоната во Барселона. Откако минатата сезона имаа најдобра сезона досега, освојувајќи рекордни 142 поени, Б-тимот на Ред бул ги заддржа своите возачи.

Scroll to Top