Швајцарскиот весник „Блик“, тврди дека вториот тим на Ред бул, кој сега настапува под името Алфа Таури од следната сезона може д се вика Адидас Ф1.
Според нивните извори, газдите на гигантот Ред бул оцениле дека брендот „Алфа Таури“ е неуспешен во Ф1, не поради резултатите, туку поради сличноста со тимот на Алфа Ромео (оригинално Заубер), и веќе се размислува за менување на името во 2024 година.
Тимот со база во Фаенца, кој во минатото беше познат како Минарди, неодамна доби два нови спонзори – Хуго Бос и Адидас, ттака шт е многу веројатно дека промената на името ќе се случи до крајот на 2024, или во „Хуго Бос булс“ или во „Адидас Ф1“.