Top Sport

(Видео) Кукоч: Во 1995 година не се симнавме од подиумот поради Србите

Легендата на хрватската кошарка, Тони Кукуч се наврати на далечната 1995 година и Европското првенство во Грција, кога хрватските репрезентативци се симнаа од подиумот моменти пред Србија да го добие златниот медал за победата над Литванија, тврдејќи дека тоа не го направиле за инает на Србите.

„Не верувам дека беше така, тоа беше нешто што беше направено во тој момент. Сега, да сме во таа ситуација, можеби немаше да направиме така, но во тој момент чувствувавме некој револт. Не од омраза кон Србија или од омраза кон српските кошаркари, туку поради самата Хрватска, поради гордоста“, вели Кукоч во интервју за „Спортал“.

Тоа беше последниот медал кој Хрватска го освои на едно големо натпреварување.

Scroll to Top