Двократниот светски шампион, ветеранот Фернандо Алонсо вели дека неговиот поранешен тим, Ферари, имале најбрз болид на првата недела тестирање во Барселона.
Со нови регулативи во 2022 и со традиционално недоверливи резултати од тестирањето, многумина не сакаат да прогнозираат кој завршил најдобра работа, но возачот на Алпине Ф1 ги издвојува Ферари како фаворити пред вториот тест во Бахреин.
Ферари комплетираа најмногу кругови на тестот – 439 во три дена, додека нивното најдобро време (Шарл Леклер во вториот ден) беше половина секунда послабо од времето на Луис Хамилтон, иако беше поставено на Ц3 гуми, додека Хамилтон возеше на Ц5 гуми со најголеми перформанси.
„Од тоа што го видовме можеме да заклучиме дека Ферари имаат најбрз болид, што секако, е големо изненадување. За Карлос Саинс и за Шпанија тоа е одлична вест. Но, и Мерцедес се брзи, што не е изненадување“, изјави Алонсо.
И седумкратниот светски шампион Хамилтон смета дека Скудерија ќе бидат сериозен ривал.
„Можеме да заклучиме дека Ферари не го развиваа својот болид за 2021 за да се фокусираат а овој болид. Затоа можеби се неколку месеци пред нас и остатокот од тимовите. Ќе треба да видиме дали е така“, изјави Хамилтон.