Top Sport

Рој Кин: Диего Симеоне е вистинското решение за Јунајтед

Рој Кин смета дека Диего Симеоне е „пред крај“ со успешното водење на Атлетико Мадрид и треба да биде прв кандидат за постојан менаџер на Манчестер јунајтед, бидејќи Аргентинецот е човек кој „не се шегува со своите играчи“.

Јунајтед го отпуштија Оле Гунар Солскјер во ноември, и на негово место го донесоа Ралф Рангник како привремена замена до крајот на сезоната, но се очекува во текот на летото да пристигне нов тренер и за Кин, Симеоне е совршена опција.

„Симеоне има вистински карактер. Има тежок период со Атлетико, така што можеби тоа е завршена приказна. Тој направи големи работи, вистински карактер и не се шегува со своите играчи. Можеби некој како него ќе функционира добро. Работите бргу можат да се сменат, и не мислам дека работите се толку црни во Јунајтед, има добри работи кои се гледаат, но им треба менаџер. Ако немаат вистински менаџер, тогаш работите ќе се распаднат. Плаќаат богатство за фудбалери, зошто не за менаџер? Ако сметате дека некој е вистинскиот, одете и земете го“, вели Кин.

Scroll to Top