Top Sport

Алонсо: Ги гледам трките оваа година и некои се многу досадни

Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо, во неделата по вторпат триумфираше на трката 24 часа Ле Ман, по што во интервју за „Кориере дело спорт“ изјави дека му е досадно кога гледа дел од Ф1 трките оваа сезона.

Неодамна, генералниот директор на Мекларен, Зек Браун најави дека Алонсо секогаш е добредојден во неговиот тим,  а исто така шпекулациите велеа дека Шпанецот би можел да се врати во Ферари, но Алонсо не е многу импресиониран од состојбата во модерната Ф1. Откако призна дека не гледал три од седумте трки оваа сезона поради други обврски, тој даде коментар за тоа што го видел.

„Го следам спортот колку што можам. Пропуштив три трки бидејќи и самиот се тркав, но ги гледав подоцна. Исто како кај сите фанови, некогаш е забавно, но почесто е многу досадно. Но, тоа се случува во секој спорт. Понекогаш кога гледаш Реал-Барселона имаш добар меч – некогаш е 5:5, некогаш е 0:0“, објаснува Алонсо.

Scroll to Top