Top Sport

Бекер: На Новак му е преку глава од Федерер

Борис Бекер вели дека Новак Ѓоковиќ, светскиот рекет број 1 кому му беше тренер во минатото може лесно да го сруши рекордот на Роџер Федерер од 20 гренд слем титули и дека веќе му е мака што го споредуваат со швајцарскиот Маестро.

„Ѓоковиќ има потенцијал да стигне до повеќе од 20 гренд слем титули ако е фит повторно, и ако е во својата најдобра форма. Знам дека се жали што не го почитуваат и сакаат како Федерер и Надал и е во тешка позиција бидејќи не ги почитуваат неговите победи. Прашањето кое секогаш му го поставуваат е дали тој може да го фати Федерер? Тој е неверојатен, број 1, победи на Вимблдон, САД опен и Австралија опен последните две години. Мислам дека му е преку глава од Федерер. Но, тоа е животот кој го носи. Се работи за фантастичен, скромен и духовит човек, но понекогаш не изгледа така поради начинот на кој игра. Може до уште многу гренд слем титули“, вели Бекер.

Scroll to Top