Фернандо Алонсо во интервју со „Скај спортс Ф1“ пред Белгиското ГП открива дека добил понуда од Ред бул рејсинг пред да одлучи да ја прекрати кариерата и покрај претходните изјави на шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, дека Алонсо „внесува хаос“ во тимовите.
Двократниот светски шампион вели дека одбил понуда од поранешните шампиони по одлуката на Даниел Рикардо да замине во Рено, по што Ред бул се решија да му веруваат на Французинот Пјер Гасли.
„Од еден од топ три тимовите имав понуда неколку пати оваа година“, изјави Алонсо запрашан од новинарот Тед Кравиц, кој потоа го потпрашува дали се работи за местото на Даниел Рикардо, и Алонсо кратко одговара: „Да“.
Шпанецот на крајот реши да ја прекрати својата Ф1 кариера, велејќи дека спортот станал премногу предвидлив – во јануари се знае како ќе се заврши сезоната.