Фернандо Алонсо бил „сурово“ разбуден во 6 часот наутро за да биде тестиран за допингување.
Иако спортистите мораат да бидат достапни постојано за тестирањето, рокот почнува во 6.00 часот наутро, а „инспекторот“ му тропнал на вратата на возачот на Мекларен во 6 часот и 10 минути.
Правилата на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) велат дека допинг-тестерите можат да дојдат од 6 часот наутро до 10 часот навечер, а спортистите мораат да ја кажат својата позиција еден час дневно било каде да се на светот. Ова е таканаречениот „Адамс систем“, а Формула 1 возачите исто така се потписници на анти-допинг кодот на ВАДА.
Инспектор со темна кожена јакна очигледно му „улета“ на Алонсо во хотелската соба завршувајќи си ја својата работа.