Top Sport

Алонсо го заврши тестот со Тојота

Фернандо Алонсо го заврши својот прв ВЕЦ тест во неделата, возејќи го ЛМП1 автомобилот на Тојота на патеката Сакир во Бахреин, како прв чекор кон можниот настап на 24 часа Ле Ман.

Откако Себастиен Буеми го „загреа“ ТС050 хибрид автомобилот, Алонсо комплетираше 37 круга пред паузата за ручек, по што во попладневната сесија додаде 76 круга и најдобро време од 1:43.013, за 2.769 секунди послабо од најдоброто време на Тимо Берхнард во Порше.

Шпанскиот возач на Мекларен беше воодушевен од тестот и од можноста да се натпреварува за победа на Ле Ман, како дел од походот кон „тројната круна“ – победи во Ле Ман, на Монако ГП во Ф1 (веќе има две) и на Индијанполис 500.

„Денот беше навистина одличен. Да се тестира ЛМП1 автомобил е голема шанса за секој возач, бидејќи ова се фантастични машини. Долго време ја чекав оваа шанса и сега сум навистина среќен“, вели Алонсо.

Scroll to Top