Top Sport

АС: Надал најдобриот шпански спортист во изминатите 50 години

Шпанскиот весник „АС“ го прогласи Рафаел Надал за најдобар машки спортист од Шпанија во последните 50 години.

Надал, признанието на весникот кој исто така постои пет децени, го заслужи со освоените 16 Гренд слем титули, четири Дејвис купа и двета медали од Олимписките игри.

Само оваа година, која ја заврши на првото место на АТП листата, Надал победи на 67 мечеви, загуби 11 пати, а спеа да освои шест титутли, од кои две се од Гренд слем турнирите во Париз и Њујорк.

Кај дамите, според весникот, најдобра во изминатите 50 години е пливачката Миреја Белмонте. Таа освои златно на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а медали освои и на Светското првенство кое летово се одржа во Будимпешта.

Наградите на Надал и Белмонте ќе им ги врачи кралот на Шпанија на 4.декември.

Scroll to Top