Top Sport

Алонсо: Хамилтон е еден од најдобрите во историјата, Фетел не е во топ 5

Двократниот светски шампион во заминување од Ф1, Фернандо Алонсо го смести својот поранешен колега Луис Хамилтон меѓу најдобрите возачи во историјата покрај Михаел Шумахер и Аиртон Сена, но во топ 5 немаше место за четирикратниот шампион Себастијан Фетел.

Хамилтон е на чекор од петтата светска титула која може да ја потврди овој викенд во Тексас, каде што треба да има осум поени повеќе од Себастијан Фетел, а се доближува и до рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа со 71 триумфи зад себе и уште две години од договорот со Мерцедес пред него.

Алонсо, кој имаше една незгодна сезона со Хамилтон како партнер во Мекларен во 2007, беше запрашан дали Хамилтон би бил во неговиот личен топ 5.

„Тешко е да се направи топ 5 на најголемите возачи, но тоа за мене најверојатно би биле Михаел Шумахер, Хуан Мануел Фанџо, Аиртон Сена, Алан Прост и Луис. Тоа е петката.  Тешко е да се споредуваат различн ивремиња и различни начини на кој се стигнувало до титулата. Луис сега ќе се израмни со Фанџо и тоа е неверојатен успех. Ако некој од нашата генерација мораше да го направи тоа, тогаш сум среќен што е Луис, бидејќи тој го покажа талентот и посветеноста. Кога имаеш доминантен болид победуваше, кога немаше, и тогаш ги покажуваше квалитетите. Тоа е тешко во денешно време“, вели Алонсо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top