Top Sport

Алонсо: Хас имаат ланска „копија“ на Ферари

Импресивните перформанси на Роман Грожан во Хас на слободните тренинзи во Австралија изненадија многумина, но не и возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо. Грожан го заврши вториот тренинг како шести најбрз, со половина секунда предност пред Алонсо, кој беше осми.

„Не, не сум изненаден. Очигледно, тие имаат копија од минатогодишниот Ферари, а Ферари лани победија тука. Хас изгледаат многу бргу и најверојатно се зад топ 3 тимовите и ќе биде тешко да ги победиме, посебно во првиот дел од сезоната“, вели Алонсо.

Американскиот Хас Ф1 тим од основањето има техничко партнерство со Ферари, кои очигледно станува поцврсто како што се движи времето. Неодамна, шефот на тимот Гинтер Штајнер призна дека тоа е голем плус.

„Користиме многу опрема на Ферари, така што имаме стабилна основа на болидот“, изјави Штајнер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top