Top Sport

Рикјардо доби казна од 3 места за домашната трка

Возачот на Ред бул, Даниел Рикјардо доби казна од три места за Австралиското ГП во недела, откако прекрши правила на ФИА околу останувањето на патеката при црвено знаме во вториот слободен тренинг.

Црвеното знаме беше покажано откако на стартно-целната рамнина се „откачија“ жици за мерењето на времето. Рикјардо беше на патеката во тоа време, поставувајќи круг на „ултра-меките“ гуми, и иако успори и се врати во боксот, стјуардите оценија дека се врати пребргу на патеката. Тој можеше да добие поголема казна, но се оцени дека тој го почитувал „духот на правилото“.

Ова не е првпат Рикјардо да има лоша среќа на домашната трка, вклучувајќи ја минатата година кога не стартуваше поради механички проблем. Ред бул имаа релативно брзи сесии – Рикјардо ја заврши сесијата на седмото место со 0.7 послабо време од Луис Хамилтон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top