Top Sport

Алонсо и Хамилтон се согласуваат – во Монако се возат најдосадните трки

Луис Хамилтон признава дека би заспал на каучот да ја гледал Монако ГП трката дома, додека Фернандо Алонсо ја прогласи неделната трка за „најдосадна во историјата на спортот“, откако уште еднаш тесните улици на малото кнежевство донесоа малку вистинска акција.

Хамилтон вели дека му дал два предлози на принцот Алберт за тоа што треба да се промени на трката во Монте Карло и дека е штета што такво убаво место носи такво тркање.

„Возевме круг по круг. Тоа не беше тркање. На крајот сите само сакавме да стигнеме до целта. Подготовките пред Монако се секогаш посебни, и штета што трките се толку неспектакуларни. Беше дури шокантно колку малку одев до максимум. Најмалку во кариерата. Што можеме да направиме? Зборував со принцот и му кажав дека можеби треба да биде подлога. Има многу повеќе патишта низ кои може да се вози. Или да се смени форматот. Ова беа најдолгите 78 кругови во историјата“, изјави Хамилтон.

Двократниот шампион Фернандо Алонсо се согласува, а посочува дека трката е страшно досадна бидејќи тимовите сакаа да ја извозат трката со едно влегување во боксот, бидејќи ако заглавиш зад конкуренцијата, тогаш нема шанси да ја вратиш позицијата. Покрај тоа, првпат од 2009 година на патеката не излезе безбедносното возило.

„Екстремно досадно! Без безбедносно возило, без жолти знамиња… Мислам дека спортот мора добро да се замисли за шоуто, бидејќи ова е разочарувачки. Најверојатно најдосадната трка во историјата на Формула 1. Треба да им се даде нешто на фановите кои плаќаат билети“, вели Алонсо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top