Top Sport

Алонсо и Хамилтон со инцидент на стартот во Спа – овој идиот знае да вози само кога е прв!

Стартот на класичната Ф1 трка во Спа Франкоршамп повторно донесе возбуди и по два круга излезе безбедносното возило по судирот на Валтери Ботас (Алфа Ромео) и Николас Латифи (Вилијамс), но најмногу внимание предизвика инцидентот во првиот круг, кога старите ривали Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон имаа судир, по кој Алонсо го нарече Британецот „идиот кој знае да се трка само кога е прв“.

Алонсо, кој беше на фантастичното четврто место на стартот, веднаш до Хамилтон, беше во директна борба со возачот на Мерцедес, откако немаше простор во петтата кривина, и Хамилтон со задното тркало се „качи“ на болидот на Алпин. Хамилтон, веднаш потоа имаше проблеми со болидот и ја заврши трката, додека Алонсо продолжи, пред на официјалното радио да го нападне Британецот.

„Каков идиот! Го затвара просторот од надворешната страна.  Имавме мега старт, но овој човек знае да вози  кога стартува како прв“, изјави Алонсо.

Scroll to Top