Top Sport

Лукаку има повреда на бутниот мускул, неизвесен за дербито на Милано

Ромелу Лукаку сигурно нема да настапи на мечот против Кремонезе и е неизвесен за дербито на Милано следниот викенд поради повреда на бутниот мускул, објавува „Скај спорт Италија“.

Белгиецот има еден гол во три меча по враќањето во Интер како позајмен фудбалер на Челси, но денеска се повредил на тренинг-сесиј во Апијано-Џентиле и сигурно нема да може да настапи во вторник против Кремонезе, а исто така е неизвесен за големото дерби со Милан во сабота. Лукаку исто така најверојатно нема да игра на мечот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен на 7 септември.

Лукаку имаше 64 гола во 95 настапи во Интер во првите две сезони во Интер покрај нтонио Конте.

Scroll to Top