Top Sport

Алонсо и следната сезона во Формула 1, со 41 година!

Шпанскиот Ф1 возач, Фернандо Алонсо во „најбрзиот циркус“ ќе вози и следната сезона, соопшти француската екипа Алпине. Оттаму ја искористија опцијата во договорот и ја продолжија соработката со 40-годишниот шпански возач за уште една сезона.

„Многу сум среќен поради продолжувањето на соработката и во 2022 година. Откако се вратив во Формула 1, во оваа екипа се чувствувам како дома, сите ме дочекаа со раширени раце. Задоволство е повторно да работиш со некои од најсјајните умови во нашиот спорт“ рече Алонсо.

Двојниот светски шампион во Ф1 се врати по двегодишна пауза, а дебитираше на само 19 години, во далечната 2001 година. И следната сезона партнер во тимот ќе му биде Естебан Окон.

„Сезоната беше незгодна за сите нас, но покажавме напредок како екипа, но и резултат на трката во Унгарија. Одиме на уште подобри резултати до крајот на сезоната“ вели Шпанецот.

Токму Окон победи на 1. август, на трката во Унгарија, а во јуни тој го продолжи договорот со Алпине за уште три сезони.

Scroll to Top