Top Sport

Алонсо: Изгледа јас сум идиот што почитувам правила!

Поранешниот двоен Ф1 шампион – Фернандо Алонсо за шпанска „Марка“ ги пренесе своите видувања за трката на Силверсон, возена вчера за ГН на Велика Британија.

За потсетување, главна тема беше судирот меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Алонсо смета дека на многумина им се дозволува премногу.

„Секогаш сум бил фер возач, цела своја кариера. Мислам дека сум еден од ретките кој нема дамка во биографијата. Искрено, се чувствувам како идиот штом јас ги почитувам правилата. Зборувавме со луѓето од спортот и со организаторите на трките за да укажеме на однесувањето на поедини возачи, но никогаш не преземаа ништо. Поради тоа нема да зборувам веќе за другите, очигледно така повеќе се исплати. Ако не можеш да ги победиш – придружи им се“ вели Алонсо.

Иако не наведе име, се чини дека зборовите на Шпанецот се упатени кон Хамилтон.

„Очигледно, некои работи се дозволени денес. Ова не е премин на мрачната страна, ова е премин на правилата по кои играат останатите“ вели тој.

Scroll to Top