Top Sport

Хезоња, Браун, Холинс – само дел од 10. најдобри слободни играчи во Евролигата

Кошаркарските тимови ширум европа полека ги склопуваат коцките за новата сезона. Покрај играчите кои прават трансфери од клуб во клуб, тука се и кошаркарите кои во моментов се без одговор.

Специјализираниот портач „Еурохопс“ најбоја 10 кошаркарски имиња на слободни агенти на Стариот континент:

-Кевин Пангос – канадски плејмеркер кој минатата сезона ја помина во Зенит, во просек постигнуваше по 13,5 поени, 2 скока и 6,7 асистенции по меч.

-Лоренцо Браун – по одличната епизода во Црвена Звезда, премина во Фенербахче, но таму не успеа да ги повтори игрите од „црвено-белиот“ дрес. Неговата игра во плеј-офот беше разочарувачка. Во сезоната имаше просек од 9,5 поени, 2,2 скока и 3,5 асистенции на меч.

-Тајлер Дорси – по кратката авантура во НБА, се врати во Евролигата, две сезони играше во Израел за Макаби. Неговиот просек беше 11,2 поени, 2,7 скока и 1,6 асистенции на меч.

-Остин Холинс – по Баерн играше за Зенит, каде дојдоа до израз неговиот атлетизам и шутерска способност. Во просек за тимот од Санкт Петербург бележеше 8,2 поени, 1,7 скока и 0,9 асистенции на меч.

-Марио Хезоња – ако ги прашате навивачите на Панатинаикос хрватскиот кошаркар е ѕвезда, сепак на теренот се очекуваше многу повеќе од играчот на Барса. Во просек бележеше по 14,4 поени, 2,5 скока и 1,3 асистенции на меч.

-Јонас Еребко – овој Швеќањец спаѓа во искусните играи, со 34 години не успеа да се снајде во системот на Химки. Бројките велат – 11,2 поени, 4,7 скока и 1,7 асистенции на меч.

-Најџел Хејс – одлично крило со солиден шут. Во Жалгирис минатата сезона имаше просек од 9,5 поени, 3,8 скока и 1,2 асистенции.

-Мајкл Ерик – по повредата на Милутинов, играше повеќе од што очекуваше во ЦСКА. Би можел да е интересна опција, дури и за ротација. Во просек имаше 5,4 поени и 3,3 скока.

-Отело Хантер – негова осма сезона во Евролига за Макаби со само 5,3 скока по меч и 1 асистенција. На крајот не сакаше да го продолжи договорот.

-Тарик Блек – еден од најважните шрафови во Зенит минатата сезона, но често има проблем со повреди. Минатосезонскиот просек му е 5,2 поени и 3,5 скока.

Scroll to Top