Top Sport

Претседателот на Ла Лига: Сакаме Нејмар да се врати

Шпекулациите околу враќањето на Нејмар во Шпанија траат одреден период, а сега во целата приказна се вклучи и претеседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Бразилецот минатото лето ја напушти Барселона и за рекорден трансфер се пресели во ПСЖ. Сепак ушѕте од неговото доаѓање во Париз започнаа шпекулациите околу неговото враќање во Шпанија, а името му се поврзува со мадридски Реал.

„Сакам Нејмар да се врати во нашиот фудбал. Тимот не мора да биде истиот, но во Шпанија мораме да ги имамем најдобрите играчи, а токму тоа е Нејмар“, рекол Тебас.

Како ќе се одвива целата ситуација и дали Бразилецот одново ќе предизвика текотонски пореметувања во фудбалот ќе биде познато по завршувањето на сезоната. Во меѓувреме Нејмар со ПСЖ го очекува двомеч во осминафиналето на Лигата на шампините против Реал.

Инаку, Нејмар со ПСЖ потпиша договор до јуни 2022 година.

Scroll to Top