Top Sport

Алонсо лошо стартуваше на првата етапа на релито Дакар, заврши 11-ти

Двојниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо го зазема 11-тото место по првата етапа на релито Дакар во Саудиска Арабија.

Шпанскиот возач дебитираше во тимот на Тојота и се обидува да стане првиот Ф1 шампион кој триумфирал и на релито Дакар, пренесоа британските медиуми.

Покрај него е и петкратниот победник на Дакар релито со мотор, Марк Кома. Тие заостанаа 15 минути и 27 секунди зад победникот на етапата Вајдос Зала од Мини.

Првата етапа е долга 752 километри, а возено е од Џеда до Ал Ваја.

Второто место му припадна на Стефан Петерхансел од Мини со 2 минути и 14 секунди задоцнување за победникот, додека трет беше Карлос Сајнц исто така од Мини, со 2.50 заостанување.

Втората етапа се вози утре, од Ал Ваја до Неома, а долга е 393 километри.

Scroll to Top