Top Sport

Минимален триумф над Црна Гора за среќен пат на ЕП во Виена

Македонската ракометна селекција вечерва го одигра последниот подготвителен натпревар пред ЕП што од 9-ти овој месец започнува во Австрија, Шведска и Норвешка.

Нашата селекција славеше минимална победа од 25-24 против Црногорците во меч кој се играше зад затворени врати, а кој беше неизвесен во сите 60 минути.

Првите 30 минути двете селекции беа во наизменично водство, а на полувреме Црна Гора замина со предност од 13:12.

Во второто полувреме слични случувања на теренот. Сепак Македонија успеа да направи мини пресврт кој на крајот на мечот изнесуваше +1 – конечни 25-24.

На нашиот гол, како впрочем и во целиот подготвителен циклус, одличен беше голманот Николче Митревски со 14 одбрани, а најпрецизни во нашата селекција беа Дејан Манасков и Филип Талески со по 5 погодоци.

За Македонија ЕП кое нашата селекција ќе го игра (групната фаза) во Виена започнува на 10 јануари со мечот против Украина.

Scroll to Top