Top Sport

Алонсо: Мекларен го имаат најдобриот болид во Мексико

Двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо верува дека во моментов Мекларен го имаат најдобриот болид во Формула 1.

Алонсо ги заврши првите квалификациите во Мексико Сити на 5. место со најдобро време во средниот сектор, но вели дека решил да не постави време во вторите квалификации за да ги сочува гумите, бидејќи и така ќе стартува од последното место поради големите казни за промените на моторот.

„Денеска, или барем денеска, го имаме најдобриот болид. Ракувањето беше фантастично, во кривините бевме супер, инстинктивни и лесни за возење. Одамна не сме имале ваков добар сектор. Најдобар викенд цела сезона, спектакуларен досега“, вели Алонсо.

Мекларен имаат уште три трки со моторите на Хонда, пред следната сезона да почнат со соработка со Рено, и Алонсо јасно посочи дека квалитетот на болидот доаѓа од шасијата, а не од моторот на Хонда.

„Моторот е истиот. Всушност, го имавме минатиот мотор. На тренинзите го користевме новиот мотор, но решивме да го чуваме за Бразил и Абу Даби. Сите подобрувања се благодарение на аеродинамиката и делумно на суспензијата“, објаснува Алонсо, кој не верува дека ќе може да биде во поени на денешната трка.

Scroll to Top