Top Sport

Алонсо: Михаел Шумахер никогаш немаше „лош ден“

Фернандо Алонсо, двократниот Ф1 шампион кој се подготвува за деби со својот нов тим, Астон Мартин, во интервју го пофали легендарниот седумкратен светски шампион, Михаел Шумахер, велејќи дека тој бил неверојатен ривал и вистински учител во спортот.

Алонсо двапати го совлада Шумахер за титулата со тимот на Рено, во период кога неверојатната доминација на Ферари во Ф1 беше при крај.

„Михаел немше лоши денови. Никогаш немаше перформанси по потребното ниво. Тоа ме импресионираше најмногу кога пристигнав во Формула 1 и посебно кога се борев со него за титулата. Претходно, во сите категории во кои се тркав, можев да забележам дека ривалите понекогаш имаат лоши денови кои можеш да ги искористиш. Со Михаел тоа не се случи никогаш. Тој е Ферари беа непобедливи долго време, но и кога немаа добар болид или сетап, Михаел ќе беше втор или трет. Ќе имаше лош тренинг и квалификации, а потоа во недела ќе беше на подиумот. Имаше таква упорност, таква желба да искористи секоја шанса, што беше неверојатно“, вели Алонсо.

Scroll to Top