Фернандо Алонсо му врати на својот поранешен колега од Мекларен, Штофел Фандорне, велејќи му да си ги „провери фактите“ откако Белгиецот изјави дека во двете заеднички сезони (2017 и 2018) не добивал вистинска шанса бидејќи тимот бил целосно фокусиран на Алонсо.
Шпанецот беше подобар од Фандорне во двете сезони, а во 2018 година се квалификуваше пред него во сите трки од сезоната. Алонсо тврди дека не само што му помогнал на Фандорне, туку му порача да се „распраша“ што значи да се биде во Ф1.
„Фактите се целосно поинакви. Кога ќе видите тимски колеги кои возат во болидите на колегата и ги споредуваат податоците, ќе забележите дека покрај таа помош јас честопати му помогав на патеката како во Монца и Спа. Знам како функционира Ф1. Затоа, кога ќе зборуваш за нечија репутација, треба убаво да си ја провериш статистиката“, вели Алонсо.
Тој исто така посочи на својата соработка со Себастиен Буеми и Казуки Накаџима, со кои ја освои титулата од Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) и 24 часа Ле Ман.
„Немав проблеми да ги разменам податоците со овие момци, бидејќи тие имаа многу повеќе искуство од мене. Научив многу од нив. Јас бев тој што правев грешки и тие ми одговараа“, вели Алонсо.