Top Sport

Алонсо: Најголем ривал? Михаел Шумахер

Освојувачот на две титули во првенството на Формула 1, Фернандо Алонсо, рекол дека легендарниот Михаел Шумахер му бил најголемиот ривал на патеката, дополнувајќи дека денес конкуренцијата е многу посилна него што тоа било случај во минатото.

Шпанецот успеа да ја освои титулата во Формула 1, во 2005 година, кога Шумахер беше на врвот од својата кариера. Таа година Алонсо ја прекина доминацијата на Германецот.

„Тешко е да се избере еден ривал, но доколку треба да го направам тоа, тогаш ќе речам Михаел Шумахер. Тој доминираше кога јас влегов во Формула 1. Михаел е најголемиот ривал што сум го имал не само околу техничката подготвеност, туку и поради емоциите. Борбите со него беа посебни и во тоа време беа многу емотивни за мене“, рекол Алонсо.

Инаку, Шпанецот ја заврши кариерата во Формула 1 и се подготвува за трката „500 милји Индијанаполис“.

Scroll to Top