Top Sport

Рикардо: Не се замарав со Ферстапен

Даниел Рикардо, по пет години, реши да го напушти тимот на Ред Бул и својата кариера да ја продолжи во Рено. Австралиецот за Ред Бул стартуваше на 150 трки, на кои забележал седум победи, а три пати успеал да ја освои пол-позицијата.

Рикардо открил дека додека бил во Ред Бул никогаш не се оптоварувал со она што го правел неговиот колега Макс Ферстапен, туку дека возел за „своја душа“.

„Во последната сезона дојдов во ситуација кога веќе не ме интересираше борбата со тимскиот колега, тогаш почнав да возам за „своја душа“. Не ме интересираше што имам помалку бодови од него. Не се чувствува добро поради резултатите, но едноставно не сакав да мислам на тоа. Да бев на своето ниво, веројатно ќе бев подобар од него. Вака тој заслужи да биде пред мене“, изјавил Рикардо.

Scroll to Top