Top Sport

Алонсо: Наредните години ќе направам сè да дојдам до третата Ф1 титула

Возачот на Ф1 тимот Алпине, Шпанецот Фернандо Алонсо не ја исклучува можноста да ја освои третата титула во Формула 1 шампионатот.

„Секако дека такво нешто ќе ми значи многу. Но, не можам да кажам дека очајно се стремам кон ова, дека титулата целосно ќе ја промени мојата кариера, мојот поглед на Формула 1. Обожавам да се натпреварувам и во наредните години ќе направам сè што е во моја моќ. Првенството би ми значело многу – можеби во однос на генерациите што доаѓаат. Тоа би покажало дека секогаш треба да се борите до крај и да се стремите кон извонредност. Не е важно дали имате 19 или 43 години, треба да одржите многу јасен пристап кон трките. Ова е стил на живот, апсолутна посветеност на Ф1“ категоричен е Алонсо.

Алонсо планира да остане во Ф1шампионатот и по сезоната 2022, дури и ако болидот не е толку добар.
Неговите две шампионски титули ги освои како возач на Рено, подоцна ребрендиран во Алпине.

Scroll to Top