Top Sport

Алонсо: Нема да ја гледам трката во Австралија

Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо вели дека не му недостасува спортот и дека нема да го гледа Австралиското ГП, првата трка без него од 2001 година.

Шпанецот си замина од спортот минатата сезона и овој викенд ќе биде во Мелбурн, поточно на патеката Себринг каде што ќе се натпреварува во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) пред 200.000 гледачи. Во интервју за „Диарио спорт“, ексвозачот на Рено, Ферари и Мекларен вели дека Ф1 веќе не го интересира.

„Нема да ја гледам трката, не знам дали ќе биде интересна… Во секој случај, Формула 1 не е моја грижа повеќе. Да, сигурно ќе го погледнам резултатот и ме интересира каков е распоредот на силите оваа сезона. Ф1 можеби уште е кралица на мотоспортот, но за мене има многу предизвици во други категории“, вели Алонсо.

Тој оваа година ќе се обиде да ја комплетира „тројната круна“ на мотоспортот со победа на Индијанаполис 500. Претходно, тој победи на Монако ГП трката во Ф1 и на 24 часа Ле Ман.

Scroll to Top