Top Sport

Пјонтек: Идол ми беше Анри, а секогаш навивав за Арсенал

Полската напаѓачка сензација Кшиштоф Пјонтек можеби го „прави своето име“ во Серија А, но признава дека додека раснел главни идоли му биле Арсенал и ѕвездите на „топчиите“ Тјери Анри и Денис Бергкамп.

Пјонтек уште не доби шанса да настапува во англиската Премиер лига, а Милан тешко дека ќе се откаже од 23-годишниот напаѓач така лесно.

„Кога бев дете навивав за Арсенал. Ми се допаѓаше стилот на игра кој го преферираше Арсен Венгер, а идоли ми беа фудбалерите како Тјери Анри и Денис Бергкамп“, вели Пјонтек.

Полјакот стана ѕвезда за нецела сезона, откако одигра само шест месеци од четиригодишниот договор со Џенова, пред Милан да го „грабнат“ пред многуте заинтересирани клубови. За Џенова тој постигна 19 гола во 21 настап, за во следните девет меча за Милан да додаде уште осум гола. Во Италија тој доби прекар „Ил пистолеро“ (пиштолџија) поради неговиот стил на прослава.

„Го направив тоа еднаш и оттогаш ми стана навика и ми носи среќа. Нема да го сменам“, вели Пјонтек.

Scroll to Top