Top Sport

Алонсо: Никој од возачите не ги сака новите болиди

Возачот на Алпине Ф1, двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо тврди дека никој од возачите не е воодушевен од новите Ф1 болиди, кои оваа година се радикално поинакви по големите промени на правилата во спортот.

Во обид да се поттикне претекнувањето, болидите имаат далеку помала потисна сила, а сега се вози и со 18-инчни гуми со кои треба да се поттикнат подолги битки на патеката со помал ризик за трошење на гумите. На Алонсо најмногу му пречат спорите кривини.

„Имате чувство дека одите побргу бидејќи се прави поголема потисна сила на 300 км/ч, но на спорите кривини тоа е голем проблем. Болидите се пониски од претходните со многу цврста суспензија. Никому не му се допаѓаат за возење. Ако одевеме 1 минута 17 на патека во 2021, сега ќе возиме 1:22. А сите би сакале да одиме на 1:10. Ова се потешки болиди со помалку коњски сили и со ‘зелено’ гориво“, вели 40-годишниот Шпанец.

Scroll to Top