Top Sport

Џошуа би можел во ринг со Вајлдер додека го чека Усик

Промотерот Еди Херн тврди дека Ентони Џошуа би можел да има супер-дуел со поранешниот ВБЦ шампион, Дионтеј Вајлдер во „преоден“ меч ако мора да го чека Олександер Усик, откако шампионот се врати во Украина поради војната со Русија.

Џошуа загуби на поени од Усик во септември 2021, губејќи ги шампионските појаси, но веднаш побара римеч и се очекуваше дека ова лето ќе се организира втора пресметка со Украинецот. Меѓутоа, војната во оваа земја и враќањето на Усик да служи во територијалната одбрана на Киев може да направат ново одложување.

„Еј Џеј дефинитивно ќе боксува со било кој противник. Ми кажа да видиме што се случува со Усик, но можеме да имаме преоден меч со некои големи имиња. Мислам дека во моментов Усик има поважни работи од боксот, а Еј Џеј би сакал да влезе во рингот во мај-јуни, така што е можно да се влезе во рингот со Дионтеј Вајлдер, но и Луис Ортиз, Ото Валин. Еј Џеј го сака Вајлдер“, вели Херн.

Scroll to Top