Top Sport

Алонсо одби да каже дали е во врска со Тејлор Свифт: Тука сум да се тркам

Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо одби да одговори дали е во врска со поп-ѕвездата Тејлор Свифт, велејќи дека е фокусиран само на Азербејџанското ГП.

По првите три трки од сезоната, во кои тој трипати беше на подиумот во Бахреин, Саудиска Арабија и Австралија, во кратката пауза во шампионатот, почнаа шпекулации дека Алонсо е во врска со Американката, откако самиот објави видео на „ТикТок“ во кое имаше песна од Свифт во позадина. Алонсо неодамна се раздели со Андреа Шлагер, со која беше во врска повеќе години.

Репортерот во Азербејџан успеа да протне неколку наслови на песни на Свифт: „Морам да прашам бидејќи не сакам да оставам ‘Празно место’ (Blank Space), но знам декапотенцијално се работи за твоја ‘Љубовна приказна’ (Love Story) и ничија друга“.

„Не, не, не. Немам ништо да кажам, веќе одговорив. Толку е компликувано тркањето во Баку што сигурно имате многу прашања за тоа“, одговори Алонсо.

Scroll to Top